Don't Miss
Home / Македонија / Значително расте интересот за средното стручно образование

Значително расте интересот за средното стручно образование

По првиот уписен рок во училиштата за средно образование во Македонија, во гимназиско образование се запишале 5.416 ученици, а во средно стручно образование избрале 6.405 ученици.

Овие податоци кои покажуваат дека интересот за стручно е поголем за околу 1.000 ученици споредено со гимназиските паралелки, ги соопштија денеска во Министерството за образование и наука.

Годинава деветто одделение завршија вкупно 21 876 ученици. Согласно измените на Законот за средно образование, средното образование од учебната 2008/2009 година е задолжително за сите ученици.

Првото пријавување во првиот уписен рок во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година беше на 22 и 23 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места се објавија на 24 јуни 2015 година.

Слободни места на ниво на држава во гимназиското образование има 5.635. Во стручното образование има 17.330 слободни места, а 52 слободни места има и во спортската гимназија.

Слободни места за запишување на ученици за второто пријавување во првиот уписен рок има во сите општини.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се реализира на 29 јуни и 30 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2015 година.

 

Извор: Нова Македонија

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*