Don't Miss
Home / Uncategorized / ЗНМ:Нападот врз новинар е напад врз сите новинари и слободата на медиумите

ЗНМ:Нападот врз новинар е напад врз сите новинари и слободата на медиумите

Здружението на новинари на Македонија остро го осуди нападот врз долгогодишниот новинар и фотограф Петар Ставрев на протестот со симболичен назив “Шарена револуција“, организиран во четвртокот вечерта пред Офицерскиот дом во Битола.

Во реакцијата од ЗНМ стои:

-Новинарот бил нападнат од страна на битолчанец, додека ги фотографирал демонстрантите. Напаѓачот не бил дел од толпата што протестирала, туку случаен минувач. Тој ненадејно го нападнал новинарот од зад грб удирајќи го со тупаница, при што му нанел повреда поради која му била укажана и лекарска помош. Полицијата која била присутна на местото го отстранила напаѓа- чот, а случајот е пријавен во СВР Битола. Во нападот бил скршен и објективот од фотоапаратот на новинарот. Нападот врз нашиот колега е напад врз сите новинари и слободата на медиумите.

ЗНМ потсетува дека професионалните камери, апарати и објективи јасно ги идентификуваат снимателите и фоторепортерите како новинари на задача.

Нападот врз нив е со намера да ги спречат да снимаат и фотографираат со што се попречува објективното информирање на јавноста.

ЗНМ апелира да не се напаѓаат и навредуваат новинарите, фоторепортерите и снимателите кои се присутни на настаните и да се остават на мира да си ги извршуваат работните задачи- стои во реакцијата на Регионалниот Центар на Здружението на новинари на Македонија за Битола и Прилеп.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*