.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / 23 години од банкротирањето на ТАТ

23 години од банкротирањето на ТАТ

                           

          На денешен ден, пред точно 23 години, во далечната 1997 година, на 7 март, престана да работи штединицата и менувачница, ТАТ од Битола.

          Токму на овој ден, 7 март, по налог на тогашниот гувернер на Народната банка на Македонија, Борко Станоевски, во Битола пристигна ревизорот Газменд Кадриу, кој требаше му ставу клуч на во тоа време најдобрата штедилница во Македонија, ТАТ.

          Иако тој ден никој не сакаше да верува во најлошото сепак тоа се случи.

          Газменд Кадриу наместо да прави ревизија на штедилницата одлучи истата да ја затвори и му стави пломба, со што практично  ја стави во стечај.

          Од тој момент почнува голготата на илјадници штедачи на ТАТ, која трае и денеска.

          Денес, 23 години по ставањето во стечај на штедилницата и менувачница ТАТ епилогот е следниот.

          Од преку 12.000 штедачи, кои имаа свои заштеди во ТАТ,  дел се обештетија целосно, а неколку илајди со донесувањето на Законот за обештетување со сертификати, се обештетија во просек по 45 проценти.

          Останатите над 3.500 штедачи, кои не ги валоризираа своите сертификати воопшто не се обештетија и сеуште ги бараат своите пари.

          Иронијата да биде поголема, сопственичката на ТАТ, Соња Николовска, која за измамамата на 12.000 штедчи одлежа само 3,5 години затвор за даночно затајување, денес се наоѓа во Идризово на издржување на затворска казна од 8,5 години  за измама на само 4 граѓани, кои ги олесни  за околу 600.000 евра.

          Стечајот во ТАТ, кој требаше да трае само неколку години трае и денес, цели 23 години. Тоа без сомнение е најдолгиот стечај во историјата не само на Македонија, туку и во било која државата од соседството, Европа и светот.

          Имотот на ТАТ, кој е дел од стечајната маса и сега се продава преку извршители.

          Штедачите на ТАТ, по позјамицата од Владата на Бранко Црвенковски од околу 16,5 милиони марки подоцна во неколку наврати добија по само  процент обештетување, а со Законот донесен  во времето кога на власт беше Љубчо Георгиевски добија конвертибилни сертификати, со кои можеа да тргувата на берзата, а тие кои имаа по 1.000 евра заштеди,или нешто повеќе, со нотарска изјава  целосно беа обештетени.

          Судските процеси на штедачите против државата  завршија неповолно по нив и сите ги загубија, а исто така го загубија процесот и во судот во Стразбур, поради наводно ненавремено поднесена жалба.

          И по 23 години од скандалот со ТАТ сеуште не се најдоа виновниците кои ги ограбија парите на штедачите, а не се дозна ни кој е министерот во тренерки.

          Тао што е најтрагично и по 23 години не се дозна кои битолчани,судии,адвокати, политичари, владици, министри, пратеници, стечајни управници, роднини, пријатели, инспектори, началници добиваа привилегирани камати и од Соња Николовска добиваа фиктивни позајмици.

          Иако  во ТАТ се сменија четворица стечајни управници, а во изминатите 23 години во неколку наврати на власт се сменија двете најголеми политички партии, никогаш не се дозна кои се виновиците за банкротирањето на штедилницата.

          Тоа што е мошне симптоматично е  што и по 23 години Соња Николовска и нејзиниот покоен сопруг, Стерјо Николовски не кажаа кои се луѓето кои беа во тетратката на Соња.

          По банкротирањето на ТАТ, неколку битолчани кои имаа заштеди во ТАТ извршија самоубиство, стотици од нив не дочекаа да се обештетат и починаа, а како стојат работите по се изгледа нема ни нивните внуци да добијат некој денар од нивните заштеди.

          Случајот ТАТ е парадигма на неефикасноста на институциите на државата, кои не само што не го расчистија овој мега криминал , туку што е најтрагично, ниту имаа волја и желба  истиот да го расчистат.

          Иако околу 3,5 илјади необештетени штедачи сеуште ги бараат своите заштеди, сепак и тие како да се изморија од барањето на правдата и тивко како да се помирија со својата судбина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*