Home / Вести / 89 годишен битолчанец излечен од ковид 19

89 годишен битолчанец излечен од ковид 19

                

Денеска попладне министерот за здравство Венко  Филипче  на својот фејсбук профил ја извести јавноста дека уште еден 89-годишен битолчанец го победи коронавирусот.

Станува збор за  Андон Атанасов, кој  се лекуваше на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола.

-Андон Атанасов има 89 години и е највозрасниот пациент кој го победи коронавирусот. Неговиот син нѐ извести дека сега тој е во добра состојба благодарение на посветеноста на докторите во болницата во Битола. Андон е храбар човек со волја за живот. Му посакувам добро здравје и уште многу денови поминати со неговите најмили, напиша министерот за здравство Филипче на својот фејсбук профил.

Од Клиничката болница во Битола информираат дека Атанасов  десет дена се лекувал на Инфективното одделение  во болницата и по два  негативни теста тој  е испишан како  сосема оздравен пациент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*