Don't Miss
Home / Uncategorized / “Жешка“ телефонска линија Вучиќ- Заев

“Жешка“ телефонска линија Вучиќ- Заев

Македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во 12 часот телефонски ќе разговараат за последните случувања во односите меѓу Белград и Скопје и повлекувањето на целиот персонал од Амбасадата на Србија во Македонија, пренесуваат српските медиуми.

Шефот на дипломатијата на Србија Ивица Дачиќ вчера најави дека и тој телефонски ќе разговара со македонскиот колега Никола Димитров, а планирана е и средба на српската премиерка Ана Бернабиќ со претседателот на Владата на Македонија, Заев, на средбата на премиерите на земјите од Западен Балкан во сабота во Драч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*