По пријава на обезбедувањето на Клиничката болница, дека во болницата е примен малолетник кој бил под дејство на алкохол, битолската полиција, во објект, во близина на хотелот “Епинал”, наспроти Центарот за култура фати 7 малолетни лица кои биле во алкохолизирана состојба.
Наводно малолетниците во објектот прославувале роденден и имале роденденска забава.
Меѓу малолетниците кои биле затекнати во објектот имало и деца на видни битолчани, на еден поранешен пратеник и на актуелен директор.
Битолската полиција, откако ги затекна пијаните малолетници оствари средба со родителите на затекнатите пијани момчиња.
Инаку полицијата работи и на расфетлување на случајот за тоа како е можно во тој објект, кој во никој случај не ги задоволува стандардите, туку наликува на напуштена куќа, да се точи алкохол на малолетни лица.
Б.В.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
