По пријава на обезбедувањето на Клиничката болница, дека во болницата е примен малолетник кој бил под дејство на алкохол, битолската полиција, во објект, во близина на хотелот “Епинал”, наспроти Центарот за култура фати 7 малолетни лица кои биле во алкохолизирана состојба.
Наводно малолетниците во објектот прославувале роденден и имале роденденска забава.
Меѓу малолетниците кои биле затекнати во објектот имало и деца на видни битолчани, на еден поранешен пратеник и на актуелен директор.
Битолската полиција, откако ги затекна пијаните малолетници оствари средба со родителите на затекнатите пијани момчиња.
Инаку полицијата работи и на расфетлување на случајот за тоа како е можно во тој објект, кој во никој случај не ги задоволува стандардите, туку наликува на напуштена куќа, да се точи алкохол на малолетни лица.
Б.В.
Немаше потреба од толку големо преовеличување на случајот. Насловот на оваа статија е не реален. Чисто информативно во просторот се прат родендени веќе неколку години, ќе ве замолам да пишувате точни информации. Јас бев присутна во почетокот на роденденската забава и не видов ништо различно од друг роденден на кој како тинејџер сум била. Свесни сме сите дека сите деца од 12 годишна возраст и нагоре конзумираат алкохол
И дека сите имаат дозвола од родител да имаат поголем излез од 11-12 часот. Лицето кор заврши на Клиничката болница си ги сноси последиците од неконролата врз пиењето на алкохол.
А кој му дал алкохол на малолетникот да пие ?
Во западните земји ако те фатат цигари или алкохол да му купуваш на малолетник не ти бега затворот ама кај нас тоа не важи ни ако му даваш да пие. Законот е сестро одговорен а не сторителот од 12 години возраст .