Советникот од СДСМ во битолскиот Совет, Горан Козаров денеска на прес-конференција ја критикуваше состојбата со инфраструктурата и улиците во Битола.
-Дупките по градските сообраќајници се полоши и поопасни и од калдрма. Катастрофалната состојба на улиците ја нарушува безбедноста на сообраќајот со што е загрозена безбедноста на граѓаните. Возачите со право реагираат дека ги искршија автомобилите по битолските улици.
Ова е уште една потврда дека власта нема капацитет, ниту визија да се справат со вистинските проблеми со коишто се соочуваат битолчани. Срамно и жално е за град со буџет од 27 милиони евра годишно, да има ваква катастрофална патна инфраструктура- обвини пред битолските новинари, Горан Козаров, советник од опозициската СДСМ во Советот на Општина Битола.
Ако веќе Битола нема нормални градски сообраќајници, локалната власт и владејачката партија се должни да им одговорат на битолчани за што потрошија 250 милиони евра, пари на граѓаните во изминатите 10 години, праша советникот Козаров.
Б.В.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
