Заедницата на Хрвати од Македонија во Битола, во соработка со Католичката црква „Пресвето срце Исусово”, вечерва организираат традиционален божикен концерт.
На концертот ќе бидат изведени божикните песни од западниот и источниот обред, како и божикни песни од другите народи, пригодни рецитали и изведби на Дарко Кулевски соло хармоника и Марија Чакулевска гитара и од Државното Музичко училиште во Битола.
Божикниот концерт ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето срце Исусово”, а меѓу другите ќе присуствува и Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македноја Киро Стојанов, соопштуваат од Заедницата на Хрвати во Македонија во Битола.