Home / Вести / АД ЕСМ подготвени за претстојната грејната сезона!

АД ЕСМ подготвени за претстојната грејната сезона!

-Ова е едногласно констатирано на денешниот состанок на генералниот директор на компанијата, Васко Стефанов и директорот на производство од термоелектрани, Љубчо Кижевски со стручниот колегиум на РЕК Битола.

На средбата беше истакнато дека преземени се сите неопходни чекори, во сите подружници на АД ЕСМ, за да се обезбеди и годинава стабилно производство на домашна електрична енергија. Најголемиот производствен капацитет на Државните електрани, РЕК Битола, денес работи со сите три блока на мрежа. Залихите на ископан јаглен во РЕК Битола во моментов изнесуваат околу 450.000 тони, а откриени се доволни количини и во рудниците за континуирано снабдување на термоелектраните.

Согласно потребите на потрошувачи и на универзалниот снабдувач, АД ЕСМ изготви производствениот план кој и оваа грејна сезона треба да гарантира непрекинато снабдување со струја на граѓаните, беше речено на денешниот состанок на генераниот директор на АД ЕСМ; Васко Стефанов со колегиумот на РЕК Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*