Home / Култура / Актерот Николче Пројчевски ќе настапи во театарот „Глоуб“ во Лондон

Актерот Николче Пројчевски ќе настапи во театарот „Глоуб“ во Лондон

Актерот на Народниот театар од Битола, Николче Пројчевски, ќе настапи во театарот „Глоуб“ во Лондон и по Огнен Дранговски ќе биде втор македонски актер што ќе настапи во Шекспировиот театар.

Пројчевски денеска на прес-конференција истакна дека е избран во конкуренција на 1.800 актери од цел свет и е единствен од Југоисточна Европа што ќе настапи во најновиот театарски проект на „Глоуб“.

– Се пријавив на отворениот конкурс, а кога ја минав првата селекција бев контактиран од режисерите и продуцентите на театарот „Глоуб“. На нивно барање изведов неколку улоги од Шекспирови дела, поезија од Петре М. Андреевски и други актерски вештини и ме избраа. Во Лондон ќе патувам и со познати информации кои ми ги даде колегата Огнен Дранговски кој веќе настапуваше во „Глоуб“. Верувам во успешен континуитет на македонските актери на светски познатата сцена и театар во Лондон – изјави Пројчевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!