Home / Колумни / Амди Бајрам и реформитe

Амди Бајрам и реформитe

По многу разговори, договори и преговори, деновиве конечно првиот министер во државата, премиерот Зоран Заев ја обзнани толку најавуваната и очекувана  реконструирана влада и новата коалиција.

Судејќи по имињата на новите министри, кои седнаа на министерските фотелји и за лаиците е повеќе од јасно дека ниту Заев ниту пак Македонија многу ќе се офајди од работата на (старо)новите министри, од кои некои се апсолутно непознати не само за македонската јавност, туку и за членовите на партиите од каде тие дооаѓаат.

Но во оваа прилика немам намера да се занимавам со изборот на Заев за новите министри. Тој како премиер, кој ја составува Владата има мандат од партијата и граѓаните, по негов избор да ги избира министрите.

Но тоа што  ми даде повод да пишувам во овонеделната рубрика Поводи е потегот на Заев да ја прошири  владината коалиција со нови коалциони партнери.

Ако донекаде можеше да се очекува нов коалиционен партнер да стане едно од крилата на партијата Беса, сепак  проширувањето на коалицијата со партијата на ромите, која ја предводи Амди Бајрам и ДПА на Мендух Тачи заслужува анализа.

Право е на Заев која од партиите ќе ја приклучи во својата коалиција, но мислам дека приклучувањето на на Тачи и особено Амди Бајрам во владината коалиција е не само погрешен, туку и крајно  несериозен политички потег.

Навистина крајно е симптоматично како Заев  ќе се справи со режимот на Груевки, кој сеуште не е ни чепнат и ќе ги изведува реформате, кои треба да му донесат живот на овој народ, со политичари од типот на Тачи и Амди Бајрам, кои политиката во сиот изминат период, ја практикуваа(т) како  трговија на мало и големо.

Тоа што Заев вели дека е добро и христијански е да им се простува на своите политички неистомисленици и противници, кои во политичката борба биле негови најжестоки противници е навистина не само човечка туку и универзална вредност.

Со таквиот став на премиерот Заев апсолутно се сложувам.

Но Заев треба да знае дека во политиката не можат во никој случај да се спроведуваат реформи и закони со политичари како Тачи и Бајрам.

Ако на почетокот, при составувањето на Владата Заев мораше да му прогледа низ прсти за сите гревови и крминали кои во изминатите 11 години ги имаше (на)правено Али Ахмети и неговите министри од ДУИ,  кои останаа недостапни и за СЈО,  лично мислам дека не е ни христијански, ни човечки да се приклучуваат во владината коалција политичари од типот на Амбди Бајрам  и Мендух Тачи.

Причина повеќе за оваа моја констатација е што сите  ние кои ги слушавме лентите од “Големото уво “ имавме можност да слушнеме како Тачи понизно и послушно ги исполнува наредбите на неговиот “шеф “ Сашо Мијалков при изборот на судии и гласањето во ДИК.

Не знам како премиерот Заев ќе ги спроведува реформите со “реформаторот “ Амди Бајрам кога знаевме, слушавме и гледавме  што му поскауваше  тој на Заев додека беше во  скутот на Груевски.

Не знам можеби Заев знае тоа што јас не го знам, па затоа ги приклучи во  владината коалиција Тачи и Амди  Бајрам, но тоа што јас го знам, а очигледно Заев го изумил, е дека со такви политичари нема ни р. од реформи, а посбено борба против криминалот.

Како Заев мисли да го доведе животот во Македонија  со политичари од калиброт на Тачи и Амди останува да покаже времето.

Но лично мислам дека нема да помине многу време кога при некоја политичка криза истите тие (први)ќе ја свртат плочата и ќе се вратат таму каде што ќе почуствуваат дека ќе дојдат новите политички победници.

Кога станува збор за македонската политика и политичари, не сум толку ни млад ни наивен за да не сум свесен дека кај нас политиката е уште од осамостојувањето на Македонија к…ва.

Во политиката кога се во прашање интересите и борбата за власт  паѓаат сите принципи.

Тие најмногу и најчесто исчезнуваат  при обезбедувањето на мнозинство во парламентот.

Во македонската политика одамна е исчезнат и поимот морал.

Тоа убеден сум дека му е јасно не само на најголемиот број граѓани во оваа држава, која  водена токму од такви политичари допрва треба да добие име, туку и на Заев.

Но по 11 години режим, каков што го сметаа(т) периодот од владеењето на Груевски и егзалтираните ветувања на Заев за нов и подобар живот како и преземање на длабоки реформи кои ќе ја одведат Македонија во европското семејство, мислам дека надвор од умот е тој подобар живот да чекаме да дојде од политичари од калиброт на Амди Бајрам, или Тачи.

Доколку Заев смета дека со неговото приклучување кон владината коалиција подобро и покомотно ќе владее сметам дека се излагал.

Во тоа набрзо самиот ќе се увери, како што  сега во тоа сигурен сум е уверен  и Никола Груевски, на кого Бајрам постојано, а посебно на ромските забави му се колнеше во вечна љубов.

За какави реформски политики се  подготвени да спроведуваат  Тачи и Амди Бајрам не треба да ни кажува Заев, бидејќи сите ние кои малку следиме политика можевме да се увериме сите овие години.

Иако нивниот број е многу поголем, но токму Тачи и Амбди Бајрам се најдобрите егземплари на политичари, кои во политиката се влезени  исклучиво за задоволување на своите лични и фамилјарни интереси.

Нивните реформи почнуваат и завршуваат  на првата тезга или биртија, каде најчесто ги спроведуваат реформите и владните политики.

Таму за нив почнува и завршува животот.

Нивниот среден прст кај нив цело време е стокмен и само прашање е на кому ќе му го покажат.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*