Home / Македонија / Аневски: СЈО нема основа да го бара случајот „Сопот”

Аневски: СЈО нема основа да го бара случајот „Сопот”

Претседателот на Советот на обвинители, Петар Аневски потврди дека го добил барањето на Специјалното јавно обвинителство за преземање на случајот „Сопот” под нивна надлежност.

Аневски вели дека барањето е обемно и ќе го разгледаат наредниот период, но сепак посочува дека СЈО не можело да бара овластување за него бидејќи се случило одамна.

-Настанот се случил пред 13 години и Јанева не е овластена за настаните кои се случиле пред 2008 години. Ние побаравме дополнителни информации од Специјалното обвинителство, но речиси еден месец не сме ги добиле информациите кои сме ги барале.

Инаку, „Сопот“ се однесува на случај од 2003 година во кој од нагазна мина поставена на пат во близина на селото Сопот загинаа двајца полски војници од НАТО и еден цивил.

За случајот осудени се 10 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*