Home / Вести / Ангелевска: Избори по строго утврдени здравствени протоколи

Ангелевска: Избори по строго утврдени здравствени протоколи

Кандидатката за пратеник од ВМРО ДПМНЕ Силвана Ангелевска vo izjava za mediumite naglasuva дека изборите мора да се одржат по строго определен здравствен протокол кој треба многу внимателно да се изработи.

„Почитувани, времето е тешко, ситуацијата ни оддалеку не ни дава простор за оддишка и одмор. Владеењето на СДСМ и Пандемијата на КОВИД 19 дефинитивно се покажаа како катаклизма што ја зафати државава, колапс кому мора да му се застане на патот. Состојбата е крајно загрижувачка, Македонија руши неславни црни рекорди во бројот на заболени и починати од корона вирусот.

Затоа, сега е време храбро и одважно, рационално, разумно, но и со голема љубов да и се оддолжиме на Македонија, да го направиме вистинскиот чекор за иднината на нашите деца, да тргнеме по патот кој ќе биде нашиот заеднички излез од провалијата.

За нас останува најважна грижата за здравјето и животот на секој Вас, почитувани граѓани, затоа изборите мора да се одржат по строго определен здравствен протокол кој треба многу внимателно да се изработи. Изборниот процес мора да биде следен од мисијата на ОБСЕ и ОДИХР, зашто на Македонија и се потребни фер, демократски, кредибилни и инклузивни избори признати од сите. Потребно е да се прочисти избирачкиот список, строго да се почитуваат Уставот и законите. Крајно време е СДСМ да се врати во реалноста, зашто она што тие го нарекуваат “нова нормалност” ни одблиску не е така. Нека надвадее разумот, да не дозволиме и така крајно сериозната состојба во државата да се влоши уште повеќе. Знаете, на арно е лесно арен да си, на маката јунак се познава. Сега, единствениот јуначки одговор од секого од нас е одговорност, храброст и достоинство. Овој пат мораме да се избориме за подобра иднина, за владеење на правото и правдата, за честитост, професионалност и доследност, за целосна обнова на Република Македонија, рече Силвана Ангелевска, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*