Home / Вести / Битола доби европска ознака за извонредност во управувањето

Битола доби европска ознака за извонредност во управувањето

Европската ознака за извонредност во управувањето, денес му беше доделена на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, како резултат на високото ниво на усогласеност на општината со 12 начела на Советот на Европа за добро демократско управување.

Начелата кои беа евалуирани во изминатиот период, опфаќаат: претставување, учество и праведно спроведување на избори, oдговорност, eфикасност и ефективност, oтвореност и транспарентност, владеење со правото, етичко однесување, компетентност и капацитет, иновативност и отвореност за промена, одржливост и долгорочни насоки, стабилно финансиско управување, човекови права, културна различност и социјална кохезија и отчетност.

            Во сите овие области, општина Битола, покажа високо ниво на исполнетост на потребните принципи, а во натамошниот период, останува истите да се надградуваат и унапредуваат согласно потребите на граѓаните и законската регулатива.

            На денешниот настан на доделување на „Европската ознака за извонредност на управувањето“, свое обраќање имаа министерот за локална самоуправа на Македонија, Ристо Пенов, министерот за локална самоуправа на Косово Елберт Красниќи, претседателот на европската асоцијација за локална демократија – АЛДА, Ориано Оточан, како и Антонела Валморбида генерален секретар на АЛДА и Најл Ширин од Центарот за експертиза за реформа на локалната самоуправа од Советот на Европа.

            Покрај Битола ознаката ELOGE ја добија  уште 8 општини од државата: Куманово, Новаци, Штип, Виница, Берово, Неготино, Аеродром и Радовиш, 3 општини од Хрватска и 6 општини од Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*