Home / Вести / Битола со поддршка за подигнување свеста за ракот со дојка

Битола со поддршка за подигнување свеста за ракот со дојка

Општина Битола годинава ќе биде дел од големиот настан за подигнување на јавната свест за ракот на дојка “Race for the Cure”, кој ќе се случува од 25-27 септември во речиси сите градови во државата.

         Вклучувањето на Битола во овој настан  беше договорено на денешната средба помеѓу претседателката на здружението „Борка – За секој нов ден”, Биба Додева и градоначалничката  на Битола,  Наташа Петровска.

 На средбата се дискутираше и за состојбата со заболени од рак на територијата на Општината Битола , како и за помошта и поддршката која им е потребна на тие лица.

Градоначалничката Петривска  истакна дека општината Битола максимално ја дава подддршката во активностите за подигнување на јавната свест за ракот на дојка.

       Настанот ќе се случува  во пресрет на месец  октомври,  во кој традиционално на светско ниво се одбележува месецот за борба притов ракот на дојка, како и во рамките на активностите на Националната кампањата за рак на дојка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*