Home / Uncategorized / Битолчанец загина во сообраќајка на патот Прилеп- Битола

Битолчанец загина во сообраќајка на патот Прилеп- Битола

Едно лице загина и едно е полесно повредено во две сообраќајни несреќи што се случија вечерва на магистралниот пат Прилеп-Битола.

Во првата сообраќајна несреќа што се случила околу 17:10 часот во директен судир на патничко возило опел астра со битолски регистерски таблички и на товарно возило со скопска регистрација, на местото на несреќата животот го загубил 47-годишниот битолчанец со иницијали М.Г.
– Несреќата се случи на магистралниот пат Прилеп-Битола во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол”. Лекарите од итната помош само ја констатираа смртта на возачот на патничкото возило со битолски регистерски таблички. Засега не се познати причините за сообраќајната несреќа. Наредена е обдукција на починатиот, изјави Дамчо Кочоски, заменик основен јавен обвинител кој заедно со полицијата направи увид на местото на несреќата.
Другата сообраќајна несреќа се случила на истиот патен правец само по час и половина. Во судар на две возила кои се движеле едно по друго во ист правец полесно е повредено едно лице, информира Гоце Јонзоски началник на Службата за итна медицинска помош од Прилеп.
– Жената со иницијали К.М на возраст од 47 години од Прилеп има набиеници и нема некои сериозни повреди. Се наоѓа на лекување на хируршкото одделение во Прилепската болница, вели Јонзоски.
Околу 19:30 часот на излезот од Прилеп за превојот Плетвар кај бензиската пумпа на „Лукоил” се случил судар на две патнички возила. Предизвикана е само материјална штета. Нема повредени лица, информира Јонзоски од Итната медицинска помош од Прилеп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*