Home / Uncategorized / Битолски весник во секое битолско семејство

Битолски весник во секое битолско семејство

Од овој број, Битолски весник како што најави стартува со голема акција за претплата на Весникот.
Битолски весник стартува со амбициозен план за претплата на 5.000 битолчани на Весникот.
За сите оние кои до 30 септември ќе се претплатат на Битолски весник, Битолски весник им нуди попуст до 30 отсто.
Со оваа Голема акција на Битолски весник ги повикуваме сите битолчани, фирми, занаетчиски дуќани, мали компании, акционерски друштва, приватници, обични граѓани да се претплатат на Битолски весник и на тој начин да се вклучат во оваа голема Акција.
Со претплата на 5.000 битолчани Битолски весник не само што ќе ја обезбеди својата иднина, туку ќе биди независен весник, таков каков што го замислуваат и сакаат битолчани.
Со овој јавен повик воедно ги повикуваме битолчани, особено нашите читатели Весникот да биде јавна трибина на битолчани.
Во иднина на страниците на Битолски весник во рубриката “ Форум “ и “Писма на читатели “ ќе можат нашите читатели да објавуваат свои текстови, писма, сугестии, критики, пофалби, коментари.
Бидете претплатени на Битолски венсик. Со вашата претплата Вие не само што ќе го добивате Битолски весник на својата домашна адреса, туку ја гарантирате и судбината на најстариот локален печатен медиум во Републиката.
Придружете ни се!

За повеќе информации обратете се на нашата е-маил адреса: bitolskivesnik@yahoo.com

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*