Home / Uncategorized / Битолските психолози Марија и Александар Димитровски ќе учествуваат на меѓународна конференција на Харвард универзитетот во Бостон

Битолските психолози Марија и Александар Димитровски ќе учествуваат на меѓународна конференција на Харвард универзитетот во Бостон

Психолозите од Битола, Марија Младеновска-Димитровска, вработена во СОУ “Таки Даскало“  и Александар Димитровски, вработен во ОУ “Крсте П. Мисирков“, со свој научно-истражувачки труд ќе земат учество на меѓународна конференција што од 08 до 10 јуни ќе се одржува на Харвард универзитетот во Бостон, САД.
На конференцијата, на која свои научноистражувачки трудови ќе презентираат излагачи од целиот свет, тие ќе бидат единствени излагачи од Република Македонија. Нивниот труд е од областа на социјалната психологија и е напишан на англиски јазик.

16696_10204462275373298_1563102652225347313_n

Официјалната програма на научната конференција во Бостон

Официјалната програма на научната конференција во Бостон

-Нашиот истражувачки труд, кој го изработивме јас и колегата, а воедно и сопруг Александар Димитровски, ќе биде од областа на социјалната психологија.

Марија Младеновска-Димитровска

Марија Младеновска-Димитровска

Во трудот ја истражувавме поврзаноста помеѓу национализмот, авторитарноста, религиозноста и етничката дистанца, односно испитувавме колку е присутен национализмот кај младите луѓе, дали младите кои имаат авторитарен поглед на светот и се порелигиозни, манифестираат поизразени националистички ставови и повисок степен на социјална дистанца во однос на припадниците на националностите. Истражувањето беше спроведено на средношколска популација од македонска националност и сметаме дека е многу важно да се детектира во кои рамки се движат националистичките ставови и вредности, како и авторитарноста, затоа што системот на вредности и ставови го детерминира односот на поединецот кон другите и често пати е извор на предрасуди, стереотипи и етничка нетрпеливост кон припадниците на другите националности – истакна Марија Младеновска – Димитровска.

-Трудот го работевме околу месец и половина, инаку е напишан на англиски јазик, а на конференцијата ќе биде презентиран исто така на англиски јазик.

Александар Димитровски

Александар Димитровски

Инаку, трудот е двапати рецензиран од страна на двајца анонимни професори-рецензенти пред да биде одобрен за излагање на конференцијата. Трудот ќе биде објавен во зборник на трудови од конференцијата, а ќе биде објавен и во едно од двете научни списанија што институтот, кој е организатор на конференцијата, ги издава и кои се со висок импакт фактор. Едното списание од областа на бизнис и економија е со ИФ 6.78, додека списанието за општествени науки е со ИФ 5,84. Уште една важна работа е што во официјалната програма ќе бидеме претставени под уставното име и така ќе биде објавен и трудот, што е одлична можност не само за наша лична промоција, туку за промоција и на Македонија – вели Александар Димитровски.

Инаку, претходно двајцата автори учествувале со свои трудови и на други меѓународни конференции во Македонија и во регионот: меѓународна конференција на Филозофскиот факултет во Нови Сад, научна конференција на Филозофскиот факултет на Институтот за експериментална психологија во Белград, научна конференција на Филозофскиот факултет во Скопје, научна конференција во организација на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе и др.

На конференцијата ќе има излагачи од целиот свет, од повеќе области: образование, хуманистички науки, психологија, социологија, економија, менаџмент, е-учење, професионален развој итн.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*