Home / Uncategorized / Опожарени три патнички возила во Битола

Опожарени три патнички возила во Битола

Од засега непознати причини денеска рано изутрина, на паркинг просторот на улицата “Димче Лахчански“  во Битола опожарени се дури три патнички возила.
Најпрво од засега непознати причини  било опожарено возилото “Фолцваген поло” со битолски регистерски таблички, а од него подоцна се запалиле уште две патнички возила, марка ауди “А 4” и “Хјундаи” исто така со битолски регистерски таблички.

b_393_697_16777215_00_images_stories_vesti_aktuel_2015_06_11418474_10206547263297282_1249343767_n

Во СВР- Битола го потврдија опожарувањето на трите возила, но засега битолската полиција не излегува во јавноста со информација од што биле опожарени возилата.
Инаку во последно време палењето на автомобили во Битола стана редовна појава.
Иако кај некои возила до опожарување дошло наводно поради неисправна инсталација,сепак не е мал бројот и на опожарените возила од страна на некои “пиромани”.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*