Home / Вести / Блок 1 на РЕК Битола вратен на мрежа, санацијата завршена 24 часа порано

Блок 1 на РЕК Битола вратен на мрежа, санацијата завршена 24 часа порано

Блок 1 во РЕК Битола од изутрината во 08.35ч е вратен на мрежа и продолжи со производство на електрична енергија, по извршената санација во изминатите два дена.

Санирањето на пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката се изведе 24 часа порано од предвидениот рок и блокот е вклучен во редовно производство.

Стручните служби и вработените во РЕК Битола кои беа вклучени во зафатот, покажаа исклучителна посветеност и непрестана работа на задачата, со цел и покрај амортизираната опрема и долгиот рок на работа на  термоелектраната, за што пократко време да се отстрани застојот и блокот да се врати на мрежа.

РЕК Битола е во очекување да пристигне и трансформаторот за Блок 3 кој во моментот се превезува од Грција кон граничниот премин Меџитлија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*