Home / Свет / Богољуб Кариќ се врати во Србија

Богољуб Кариќ се врати во Србија

Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ денеска се врати во Србија, по 10 години минати во бегство, откако беше суспендирана истрагата против него и укината потерницата.

Кариќ, кој беше лидер на движењето Снага на Србија и сопственик на „БК-групација“, попладнево допатувал во Белград со приватен авион од Москва.

На аеродромот го пречекале членови на неговото семејство, пријатели, граѓани и претставници на медиумите.

Вишиот суд во Белград на 26 декември нареди повлекување на потерницата која беше распишана за сопственикот на „БК-групација“, Богољуб Кариќ.

Во понеделникот обвинителството за организиран криминал на Србија донесе наредба со која се суспендираше истрагата за Кариќ, како и за уште четворица осомничени за злоупотреба на позицијата во претпријатието „Мобтел“.

Одлуката на обвинителството не сакаа да ја коментираат ниту министерката за правда, Нела Кубуровуќ, ниту премиерот Александар Вучиќ.

На новинарско прашање дали се точни наводите на некои медиуми дека тој луто реагирал на седницата на владата на Србија на информацијата дека обвинителството се откажало од гонење на Кариќ, Вучиќ вчера рече дека неговото лично мислење е негова работа.

– Обвинителството е самостоен орган, поради што им се извинувам на луѓето во обвинителството и на министерката Нела Кубуровиќ што изразив лична или можеби политичка непријатност. На тоа немам право и не смеам така да се однесувам како премиер – рече Вучиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!