Home / Вести / Буџет за штедење и капитални проекти

Буџет за штедење и капитални проекти

Се она што беше дел од нашата победничка изборна програма започнуваме да го реализираме.
Буџетот на Општина Битола кој се предлага за предстојната 2018 година укажува на наменско трошење на планираните средства согласно законските прописи.

Уште во првата година од нашиот мандат започнуваме со реализација на капиталниот проект- гасификацијата, кој е од големо значење за нас како битолчани. Со овој проект ќе се спроведе гас до секој дом, кој е ефикасен и ефтин ресурс за греење . Со реализација на истиот во голем процент ќе се намали и аеро загадувањето, што позитивно ќе влијае врз животната средина.
За овој проект во 2018 година ќе бидат вложени 15 000 000 денари.

Офицерски дом кој е од историско значење за Битола и битолчани, конечно ќе ја доживее својата ренесанса. Општина Битола од буџетот за овај проект ќе издвои 10 000 000 денари, а дополнителни 10 000 000 денари ќе бидат обезбедени од Владата на Република Македонија односно од министерството за култура .
Ова историско обележје повторно ќе блесне во стариот сјај, изјави Методија Илиевски советник на СДСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!