Home / Вести / Честит 8 Март, биди горда што возиш безбедно!

Честит 8 Март, биди горда што возиш безбедно!

Жените се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата, и како пешаци и како возачи.

Повеќе истражувања укажуваат дека тие имаат одлични компетенции за управување со моторно возило, дека возат внимателно, паркираат совесно и ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а се истакнуваат и со способноста за планирање на патувањата земајќи предвид бројни околности што можат да влијаат врз безбедното возење.

   Но, и покрај бројните примери за жени кои се успешни во сите сфери на општественото живеење, дел од жените-возачи се чувствуваат несигурни во сообраќајот.

Ова пред сѐ се однесува на ситуации во врска со одржувањето на возилото во исправна состојба, несакани дефекти за време на возењето, личната безбедност и сл.

   Според податоците од статистиката, жените возат одговорно и ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, па оттаму не зачудува податокот дека тие поретко предизвикуваат сообраќајни незгоди. Интересно е и тоа што жените-возачи поретко практикуваат брзо возење, нагло забрзување или возење под дејство на алкохол. Сепак, и покрај ова, статистиката покажува дека значително е поголема веројатноста жените да бидат повредени во сообраќајни незгоди. Затоа РСБСП повикува на внимателност кај секој учесник во сообраќајот, а за празникот 8 Март на жените-возачи им препорачува:

•        да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,

•        да се грижат за сите учесници во сообраќајот,

•        почесто да ја проверуваат исправноста на возилото,

•        да бидат пример за издигнување на безбедноста во сообраќајот на повисоко ниво.

Претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска со апел:

Возете одговорно и безбедно, за вас и за вашите најблиски. Покажете дека сте успешни во семејството, на работно место и во сообраќајот на патиштата.

ЧЕСТИТ 8 МАРТ!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*