Home / Вести / Целовечерен концерт на Билјана Дамјановска и Сефедин Бајрамов

Целовечерен концерт на Билјана Дамјановска и Сефедин Бајрамов

           

           

Четврток, на 26 октомври, во Големата сала на Центарот за култура познатите и еминентни  битолски и македонски естрадни уметници,  Билјана Дамјановска и  Сефедин Бајрамов  со голем целовечерен концерт ќе одбележат 50 години  творештво.

Концертот се одржува во склоп на прославата на 43-от роденден, Центарот за култура. Инструментална придружба на Дамјановска – Јанцевска и Бајрамов ке биде Камерниот оркестар на Битола.

-Јас  се радувам што прославата на 43-от роденден на Центарот за култура симболично ја поврзуваме  со  50 годишното творење и оставање на траен белег на македонската музичка сцена. Се надеваме како и на сите концерти досега ќе си ги испочитуваме нашите битолчани,  Билјана и Сефедин и ќе ја наполниме салата до последно столче”, истакна  на прес конференцијата, директорката на Центарот за култура на Битола,  Маја Андоновски – Илијевски.

            На концертот ќе бидат изведени само  мал број на композиции  од  богатиот репертоар на  Билјана и Сефедин. Тие ќе испеат  по 8 песни  и една заедничка песна. Редоследот ке биде хронолошки, почнувајки од дебито на Скопскиот фестивал до последните нумери од Фестивалот на “Ах таа  серенаде”.

Освен 16-те свои  песни тие ќе ја изведат  и песната „Родителска љубов”

Македонската радио телевизија  ќе го снима и емитува целиот концерт одложено.

Концертот на Билјана Дамјановска- Јанчевска и Сефедин Бајрамов ќе се одржи во  склоп на прославата на 43-от роденден на  Центарот за култура – Битола, кој во последно време  широко ги отвара вратите за голем заеднички концерт на двајцата еминентни естрадни уметници,кои имаат  фасцинантен уметнички опус зад себе и направиле голем печат на битолската и македонската музичка сцена.

-Јас навистина се радувам што прославата на 43-от роденден на Центарот за култура симболично ја поврзуваме  со едно 50 годишно творење и оставање на траен белег на македонската музичка сцена, така што можам да кажам дека нивниот опус е постар дури од нашата зграда на Центар за култура, во која што ке се случи концертот, истакна Маја Андоновски – Илијевски, директор на Центарот за култура – Битола.

Инаку другарувањето на Билјана Дамјановска- Јанчевска  и Сефедин Бајрамов датира од многу одамна и  е базирано на искрено професионално и приватно дружење.

-Овој концерт ми предизвикува и некоја мала возбуда, бидејќи е многу специфично и значајно да направиш  концерт да биде масовен во градот во кој егзистираш. Се надевам дека ние двацата  сме си оставиле доволно кредибилитет и авторитет во овој град за   четврток  Големата сала на Центарот за култура да биде исполнета до последното место, рече на прес конференцијата Сефедин Бајрамов.

Обраќајки им се на присутните на прес конференцијата Билјана Дамјановска – Јанчевска истакна:

-За овој концерт многу години наназад дискутиравме. Освен 16-те песни тука е и песната „Родителска љубов” со која сакавме да се одолжиме на нашите родители кои веке не се меѓу нас, за да не слушнат како сето тоа заедно го изведуваме. Самиот град бараше од нас една вечер да настапиме заедно. имаме наша слична заедничка публика и затоа решивме да го направиме ова. Јас чувстувам голема возбуда и трема и се надевам  дека утревечер ќе биде најубаво што може,изјави Дамјановска – Јанчевска.

Македонската радио телевизија чии “чеда” се Дамјановска и Бајрамов ќе го снима и емитува целиот концерт  и “е го прикаже одложено. Имено првите телевизиски и студиски снимања на овие интерпретатори беа во тогашната Телевизија Скопје во студијата во Нерези, а подоцна и во студијата на новата зграда, каде што снимиле многу песни.

            Инаку влезниците за концертот се по мошне популарна цена од 250 денари и можат да се набават во билетарницата на Центарот за култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*