Home / Uncategorized / Циле на распит кај Русковска

Циле на распит кај Русковска

Силјан Мицевски, кој е на распит кај Русковска, рече дека по втор пат дава исказ за случајот „Рекет”. Тој во изјава за медиумите рече дека парите ги уплатил на сметка на „Меѓународен сојуз“, чиј прв човек е Бојан Јовановски, а не кај пензионерката Лилјана Тодоровска од Скопје.

-Ги уплатив на „Меѓународен сојуз“, не на пензионерката – рече Мицевски пред да влезе на распит и порача дека ќе ги бара парите назад.

Мицевски ќе треба да објасни кој барал од него 720 илјади евра, за која намена и дали парите се уплатени кај пензионерката или кај сојузот на Бојан Јовановски.

Тодоровска сведочеше во Обвинителството за организиран криминал пред десетина дена. Претходно, изјави дека парите кои Мицевски ги уплатил на нејзината сметка ги подигнала во кеш, а потоа ги дала на друго лице од сојузот на Бојан Јовановски, но не кажа за кого станува збор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*