Home / Uncategorized / Со Чешка помош до европски проекти

Со Чешка помош до европски проекти

                  

Во понеделникот градоначалничката на Општина Битола м-р  Наташа Петровска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во Република Македонија, неговата екселенција Мирослав Томан.

На средбата беше поздравена досегашната активна соработка на полето на културата помеѓу двете земји, особено на градот Битола, преку двата меѓународни фестивали – ИФФК „Брака Манаки” и “Малиот битолски Монмартр”

. Република Чешка преку своите уметници е присутна на двата фестивали, а минатата година,  токму младите ликовни творци од основното уметничко училиште Плзен, од истоимениот град во Чешка, беа добитници на Гран при наградата на 37-мото издание на “Малиот битолски Монмартр”.

Градоначалничката Петровска и амбасадорот Томан заеднички констатираа дека е потребно зголемување на соработката од областа на економијата, а во таа насока Петровска го информираше Томан за можностите кои што ги нуди Општина Битола за вложување во економските капацитети во градот и во Индистриската зона „Жабени”.

Од своја страна пак, Чешката Република е подготвена да помогне во реализација на проекти со институции кои не се под ингеренции на Владата, како и во реализација на проекти за искористување на фондовите од Европската Унија.

Високиот дипломатски претставник ја запозна градоначалничката за активностите кои се одвиваат во однос на престојниот Бизнис форум,кој ќе се одржи на 2 и 3 април годинава во Скопје.

 На форумот ќе бидат претставени 25 компании од Чешката Република, а Томан упати покана за пристуство на Петровска на овој форум, на кој таа ќе може одблиску да се информира за работата на чешките компании.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*