Home / Uncategorized / “Кромберг и Шуберт” генерален покровител на Изборот!

“Кромберг и Шуберт” генерален покровител на Изборот!

                

          Манифестацијата на Битолски весник “ Избираме  најуспешни битолчани 2018” , која редакцијата на Битолски весник веќе традиционално 20 години по ред ја организира секоја година, се ближи кон својата средишница.

          Битолски весник забрзано ги привршува активностите  околу самата организација.

          Деновиве Битолски весник го потпиша договорот со Покровителот на манифестацијата. Како и во изминатите 5 години, така и овој пат Генерален покровител на Изборот ќе биде германската компанија “ Кромберг и Шуберт”, која  откако пред некилку години ја препозна Манифестацијата, секоја година е генерален покровител на истата.

          Инаку деновиве Битолски весник ги заврши преговорите и со генералниот спознор и останатите некилку спонзори на  Манифестацијата, со кои во наредните неколку дена ќе ги потпише договорите.

          Битолски весник деновиве ги заврши преговорите околу културно забавниот дел на Манифестацијата. Во забавниот дел ќе настапат неколку пеачи и оркестри.

           Инаку интересот за Манифестацијата е над сите очекувања. Во редакцијата на Битолски весник досега се пристигнати над 100 предлози со кандидати за признанијата. Ги има буквално од сите  категории, од најмлади, кои имаат 12 години, па до кандидати кои имаат над 85 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*