Home / Вести / Да се донесе закон за РЕК Битола

Да се донесе закон за РЕК Битола

Правото на чиста и здрава животна средина е граѓанско право гарантирано со многу конвенции, декларации и протоколи како и со Уставот на Република Македонија.

За жал, сите овие закони не важат за граѓаните на Општина Битола. Со години наназад Битола се вбројува во општините со ужасно загадена животна средина и со години битолчани дишат загаден воздух, што резултира со пораст на процентот на заболени од рак во битолско.

Во изминатите 26 години независна Македонија, ниедна власт, ниту на централно ниту на локално ниво, не се зафатила сериозно да го реши проблемот кој за граѓаните на Битола, во буквална смисла на зборот, е од животно значење. И додека едни велат оти немаат ингеренции а други дека “немаат надлежност врз божјите сили“, сѐ поголем број наши сограѓани умираат заради негрижата и неспособноста на државата да се справи со овој проблем.

Заради сето ова, ние, членовите на независната кандидатска листа за советници во општинскиот Совет, немавме дилема дека врвен приоритет во нашата изборна Програма треба да биде покренување постапка за донесување на таканаречениот ЗАКОН ЗА РЕК.

Постапката подразбира организирано собирање на 10.000 потписи од граѓани на нашата Општина и усвојување заклучок од општинскиот Совет за поддршка на постапката, како и формирање поширока експертска група заради изработка на предлог закон кој ќе биде доставен на разгледување и усвојување до Собранието на Република Македонија.

Цели на ЗАКОНОТ ЗА РЕК се следните:

  • Промена на филтрите во РЕК Битола
  • Преместување на седиштето на АД ЕЛЕМ од Скопје во Битола
  • Субвенционирање на цената на потрошената електрична енергија за граѓаните на Општина Битола
  • Јасно дефинирање на распределбата на средствата од РЕК Битола за Општина Битола, како Општина загрозена од загадувањето
  • Реализација на проектот за топловод од РЕК Битола кон Општина Битола

Кога се во прашање здравјето и животот на граѓаните на Општина Битола, носењето на ЗАКОН ЗА РЕК нема и не смее да има алтернатива. Сите останати проблеми се и мора да бидат од второстепено значење, исто како што сите партиски и политички игри и калкулации мора да бидат тргнати настрана, истакна на прес конференцијата кандидатот за советник на Поинаку Иван Чулаковски.

Правото на чиста и здрава животна средина е граѓанско право гарантирано со многу конвенции, декларации и протоколи како и со Уставот на Република Македонија.

За жал, сите овие закони не важат за граѓаните на Општина Битола. Со години наназад Битола се вбројува во општините со ужасно загадена животна средина и со години битолчани дишат загаден воздух, што резултира со пораст на процентот на заболени од рак во битолско.

Во изминатите 26 години независна Македонија, ниедна власт, ниту на централно ниту на локално ниво, не се зафатила сериозно да го реши проблемот кој за граѓаните на Битола, во буквална смисла на зборот, е од животно значење. И додека едни велат оти немаат ингеренции а други дека “немаат надлежност врз божјите сили“, сѐ поголем број наши сограѓани умираат заради негрижата и неспособноста на државата да се справи со овој проблем.

Заради сето ова, ние, членовите на независната кандидатска листа за советници во општинскиот Совет, немавме дилема дека врвен приоритет во нашата изборна Програма треба да биде покренување постапка за донесување на таканаречениот ЗАКОН ЗА РЕК.

Постапката подразбира организирано собирање на 10.000 потписи од граѓани на нашата Општина и усвојување заклучок од општинскиот Совет за поддршка на постапката, како и формирање поширока експертска група заради изработка на предлог закон кој ќе биде доставен на разгледување и усвојување до Собранието на Република Македонија.

Цели на ЗАКОНОТ ЗА РЕК се следните:

  • Промена на филтрите во РЕК Битола
  • Преместување на седиштето на АД ЕЛЕМ од Скопје во Битола
  • Субвенционирање на цената на потрошената електрична енергија за граѓаните на Општина Битола
  • Јасно дефинирање на распределбата на средствата од РЕК Битола за Општина Битола, како Општина загрозена од загадувањето
  • Реализација на проектот за топловод од РЕК Битола кон Општина Битола

Кога се во прашање здравјето и животот на граѓаните на Општина Битола, носењето на ЗАКОН ЗА РЕК нема и не смее да има алтернатива. Сите останати проблеми се и мора да бидат од второстепено значење, исто како што сите партиски и политички игри и калкулации мора да бидат тргнати настрана, истакна на прес конефернцијата кандидатот за советник на Поинаку ,Иван Чулаковски.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!