Home / Вести / Детското ликовно студио “ Св. Кирил Методиј “, се откажа од македонските кадри, формира меѓународен управен одбор

Детското ликовно студио “ Св. Кирил Методиј “, се откажа од македонските кадри, формира меѓународен управен одбор

               

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј “ од Битола, кое од поодамна е во војна со Министерството  за образование и култура се откажа од домашните кадри и  формира меѓународен управен одбор, во кој нема ни еден член од Битола и Македонија.

Во составот на Меѓународниот управен одбор за 42. издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр 2023 година влегоа само странски преставници.

        Како што стои во соопштението на Детското ликовно студио одлуката  за составот на  меѓународниот управен одбор била  донесена на 1 ноември 2022 година, но се чекало  потврда од сите членови и нивна акредитациј и затоа дури сега е објавена.

Ваквата одлука  Студиото ја донело откако МОН по 30 години без образложение ја прекина поддршка кон 55-годишната организација.

        -Имавме реакции на нашиот допис од Премиерот и Претседателот на Македонија. Од кабинетите ни беше ветено дека ќе побараат МОН да се изјасни, а ние јасно стоиме на ставот дека постапката ќе мора да има и правна завршница. Но тоа не значи дека најголемите брендови на ДЛС – светската детска ликовна изложба и конкурс „Битола” во своето 41. издание и светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” во своето 42. издание за 2023 година ќе ги оставиме на нечија немилост.

     Согласно сите писма за поддршка ние решивме манифестациите да ги издигнеме на поголемо – меѓународно ниво и одлуките да ги носи Меѓународен управен одбор во состав од 15 членови.

Ова е прв пат во над 40 години “Малиот Битолски Монмартр“ во организациониот поглед  да има Меѓународен управен одбор.

Меѓународниот управен одбор за 42 издание за МБМ е во следниот состав:
  Претседател на МУО на МБМ – Хенри Лау – Кина,Ширли Сиегал – Израел, Теодолина Паскоал – Португалија, Вејсел Аџар – Турција, Мариа Дима – Романија, Вселовод Романков – Русија, Милен Врабевски – Бугарија,Алдона Кацмарчук Количка – Полска, Славко Зупан – Словенија, Жанет Кубалова – Словачка, Киран Кансара – Индија, Ченг Јео Чуе – Малезија, Китипонг Тхаммаван – Тајланд, Марта Ѓориќ – Србија, Рузмира Бекирај Бејај – Албанија.

Инаку главен спонзор на Детското ликовни студио “ Кирил и Методиј “ Битола е бугарскиот тајкун Милен Врабевски, кој  според многумина во Битола на мала врата си го присвоил  Студиото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*