Home / Вести / Договор на АД ЕСМ за користење исклучиво на поштенските услуги на АД Пошта

Договор на АД ЕСМ за користење исклучиво на поштенските услуги на АД Пошта

АД ЕСМ потпиша договор со АД Пошта на Северна Македонија за користење на услугите на ова државно акционерско друштво при поштенска комуникација.

АД ЕСМ е првиот државен субјект кој потпиша ваков договор, по одлуката на Владата донесена во октомври 2022г, а која се однесуваше на сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост и сите останати државни институции, задолжително да ги користат услугите на АД Пошта на Северна Македонија.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, при потпишувањето на договорот истакна дека актот е показател за општествена и државна одговорност на АД ЕСМ да се помогне на институциите на државата и да се спроведуваат одлуките на Владата на Р. Северна Македонија.

Со договорот, токму преку АД Пошти ќе се одвива целиот поштенски сообраќај на АД ЕСМ и сите негови подружници во однос на испраќање, пренос и достава на поштенски пратки во внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај за комуникација со деловни партнери,  и особено во следниот период за испорака на фактури за парно греење до потрошувачите во градот Скопје.

Генералниот директор на АД Пошта на Северна Македонија, Васко Стефанов, ги повика сите државни институции и акционерски друштва, како и општините, да склучат договор со Пошта по примерот на АД ЕСМ и истакна дека системот и инфраструктурата им овозможуваат да ги пружат услугите кои се бараат, а со тоа да го консолидираат ова акционерско друштво во државна сопственост.

M.M.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*