Home / Uncategorized / Дона Петрова, избрана за претседател(ка) на УКЛО

Дона Петрова, избрана за претседател(ка) на УКЛО

Дона Петрова, редовен студент на Правниот факултетот, е избрана за лидер на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Таа истакна дека со членовите на раководството на УСС и студентите на УКЛО ќе се реализира програма за работа што треба да овозможи поддршка и помош за студентите, но и нивна поголема активност и учество во проекти.

„Заедно со членовите на УСС направивме програма преку која ќе можеме да ги мотивираме студентите подобро да се искажат, да ги кажат проблемите, а тоа секако ќе се овозможи и со работата на студентскиот правобранител. Исто така, сакам да напоменам дека ова е едно вистинско собрание, кое треба да им помогне на студентите и ќе ги стимулираме да направат проекти со кои ќе се истакнат во иднина“, рече Петрова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*