Home / Вести / Две и пол илјади битолски семејства ќе се греат со инвертир клими

Две и пол илјади битолски семејства ќе се греат со инвертир клими

Две и пол илјади битолски семејства ќе се греат со инвертир клими

Вкупно 2.500 битолски семејства оваа земија ќе се греат со инвертор клими.

Ова беше соопштено на денешната прес конференција во  локлната смаоуправа во Битола.

Новата мерка на Владата  обезбедува целосно финансирање за инвертер клима уреди за 2.500 семејства во Битола, како еден од четирите најзагадени градови во земјава.

 Мерката нуди повеќекратни поволности, кои покрај квалитетната и здрава животна околина ќе влијаат и на буџетот на граѓаните. Греењето со дрва и тврди средства влијае и на загадувањето во домовите и затоа е подобро да се замени со друг, еколошки начин.

-Сите истражувања и меѓународни и домашни, покажаа дека најголемите концентрации на загадувачки супстанци се јавуваат во текот на зимскиот период, за време на грејната сезона. Факт е дека 90 отсто,  од вкупните емисии на ПМ честичките доаѓаат од греењето, рече Татјана Крнчева, претседател на Комисијата за животна средина при Советот на Општина Битола.

Покрај еколошкиот момент, граѓаните со купување на инвертери ќе заштедат  и  во сопствениот буџет.

-Компаративната анализа на вкупните трошоци за греење на површина од 60, покажува дека при греење со инвертер домаќинството би го чинело 11.734 денари, со дрва 58 проценти  повеќе, со пелети 122 отсто, со панел радијатори 205, а со нафта дури 267 осто  повеќе, во однос на греењето со клима уредот“, посочи Крнчева.

Оваа мерка пред се е наменета за семејствата чии приходи изнесуваат до 30.000 денари месечно.

„АД ЕСМ, како компанија со висока општенстване одговорност, обезбедува 618.000.000 денари, или 10.000.000 евра. Секое домаќинство опфатено во оваа фаза ќе располага со 1.000 евра во денарска противвредност, што е сосема доволно за набавка на ефикасен инвертер клима уред.

 Од 10.000 домаќинства, кои ќе бидат субвенционирани во Скопје, Битола, Кичево и Тетово, во Битола ќе бидат субвенционирани 2.500 семејства“, истакна Крнчева.

За текот на постапката за замена на печките на тврди и фосилни горива, граѓаните ќе бидат детално запознати преку дополнителна кампања. Тенденцијата во наредните три години е целосно да се елимира користењето на печки на тврди и фосилни горива, бидејќи здравјето и здрвата животна средина се приоритет и основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!