Home / Uncategorized / Еден загинат во пожар во Битола

Еден загинат во пожар во Битола

Осумдесетгодишен маж вчера го загубил животот во пожар во Битола.

Полицијата соопшти дека вчера околу 06:30 часот во Битола на ул. „Мукос“, во куќа сопственост на Б.А.(38), настанал пожар во кој животот го загубил Ш.Ш. (80), вујко на сопственикот, а кој престојувал во куќата. Во пожарот била опожарена и покуќнината.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!