Home / Економија / Престижниот “ВОГ“ ја предлага Македонија како дестинација за 2017 година

Престижниот “ВОГ“ ја предлага Македонија како дестинација за 2017 година

Со Охрид и со фотографијата на „Св. Јован Канео“ почнува написот во престижното списание „Вог“, кој овој пат препорачува шест дестинации на Балканот што мора да се посетат идната година. Македонија, Охрид и Канео според „Вог“, се дестинација број еден за туристите во 2017 година.

– Добредојдовте во Охрид, Македонија, крајно совршен град, полн со шарм на Стариот свет, поставен на брегот на брилијантното Охридско Езеро. Ова светско наследство на УНЕСКО се наоѓа на крстосница меѓу три национални парка, привлекувајќи туристи, планинари, алпинисти и луѓе што бараат одмор. Локалните жители тука шетаат по каменеста пешачка патека, а кануа лебдат во езерските води што осцилираат. Охрид е и идеално место за уживање во македонската успешна сезона на виното – пишува „Вог“.

Од светски познатиот магазин препорачуваат туристите да го посетат, најфотографираното обележје на Охрид, црквата „Свети Јован Канео“, градот од врвот на Самуиловата тврдина, прошетка до стариот град.
– Прошетајте го стариот град, поминете покрај куќите украсени со бугенвилија, саксии и со бршлен, додека не стигнете до плажата Канео, дом на семејниот ресторан „Кај Каневче“. Завршете го денот со вечер во „Џез Ин“, ноќен клуб, кој нуди жива свирка и каде што се состануваат локалните жители – се нагласува во статијата.
За панорамско разгледување, „Вог“ ја сугерира турата преку Галичица до Преспанско Езеро, но го препорачува и ноќното возење со бротче до ресторанот „Острово“ во близината на реката Дрим и манастирот „Свети Наум“.

Престојувајте во еден од капацитетите, порачува авторот на текстот, наведувајќи ги хотелот Тино и вилите Света Софија и Мал Свети Климент.
Меѓу балканските дестинациите што ги препорачува „Вог“ како нетуристички, но со голема вредност да се посетат за 2017-та, се и Призрен, Белград, Трансилванија, Химара и херцеговскиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*