Home / Македонија / 48 часа рок за партиите за поднесување тужби пред Управен суд

48 часа рок за партиите за поднесување тужби пред Управен суд

Откако ДИК ќе им ги достави решенијата за приговорите донесени на маратонската тридневна јавна седница, која заврши вчеравечер, партиите имаат рок од 48 часа да поднесат евентуални тужби до Управен суд.

Потоа судот има 48 часа за да одлучи во однос на тужбите.

ДИК вчера го одби и последниот приговор на СДСМ, односно од осум одби шест, а партијата сама повлече два.

Претходно беа одбиени и седум приговори на Движење БЕСА.

Прифатен е само еден приговор на Движењето Беса, за избирачко место во Гостивар, каде што ќе има прегласување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*