Home / Вести / Екологистите предупредуваат да се спречи загадувањето или следуваат протести

Екологистите предупредуваат да се спречи загадувањето или следуваат протести

 Еко – активистите повторно реагираат. Премиерот Зоран Заев да ги исполни ветувањата, а во буџетот на министерството за животна средина да се издвојат минимум 2, 5 отсто односно сега предвидените 0,4 проценти од БДП да бидат најмалку 2,5 проценти.

„Владата пред да дојде нав ласт ветуваше дека приоритет ќе биде чистиот воздух и бараме минимум да се зголеми уделот за заштита на животната средина на 2,5%.“ – вели Татјана Чакулев – коалиција О2.

Во споротивно Коалицијата О2 најави дека ќе ја тужи државата ако не издвои повеќе средства за заштита на животната средина. Доколку премиерот не ги испочитува нивните барања ќе ги преземат сите правни чекори кои им се на располагање за покренување на постапки против Македонија за кршење на ратификуваните конвенции, Уставот, човековите и правата на детето и ќе достават тужба во Европскиот суд за човекови права.

„И доколку за оваа елементарна непогода оној кој е најповикан не преземе ништо не ни останува ништо освен да преминеме на последниот институционален чекор, а тоа е барањет и тропање на вратите на межународните судови.“ – вели Чакулев.

Покрај редистрибуција на буџетските средства за поголема заштита на животната средина, од коалицијата бараат и запирање на изградба на рудниците. Од Здружението на граѓани „Спас за нас“ од Гевгелија, најавија кривични пријави за повеќе лица поврзани со издавањето концесии за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини.

„Ние сме оптимисти и сме сигурни дека сите одговорни луѓе што сме им дале легиимитет, ќе го слушнат ова и ќе го прекинеме ова злосторство врз сопствениот народ.“ вели Ангел Наков од здружението на граѓани „Спас за нас“.

„Во врска со издавањето на овие концесии ние за два до три дена до јавното обвинителство на РМ ќе покренеме кривична постапка бидејќи имаме основано соменение за сторено кривично дело и тоа во низа од страна на огромен број државни функционери од претходната власт, службеници, порачатели и изготвувачи на студии.“

Преставикот на “За нас се работи “ Душко Груевски предупреди дека доколку не се направи нешто да се спречи загадувањето тие ке преземат радикални чекори и масовни протести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!