Home / Колумни / Фејсбук и Твитер информирање

Фејсбук и Твитер информирање

-Офицерскиот дом ќе се реновира. Вака одлучи Владата на Република Македонија на  седницата која сеуште е во тек -објави на својот фејсбук профил министерот за култура,  Роберт Алаѓозовски.

-Во Прилеп ќе се отвори нова инвестиција, која ја почна Владата на ВМРО ДПМНЕ. Таа е уште една од многуте инвестиции кои ги направи нашата Влада, во рамките на проектот “ Инвестирајте во Македонија”. Се работи за директна странска инвестиција во вредност од 9 милиони евра, во која ќе се вработат над  400 работници.

– Претседателот на Северна Кореја е болен,  низок и дебел. Доколку продолжи  со нуклеарните проби, САД ќе ги употребат сите арсенали на оружје со кои располага и ќе ја казни Северна  Кореја, напиша на својот Твитер , претседателот на САД, Доналд Трамп.

На вакви  Фејсбук и Твитер пораки во последно време сме доста често сведоци. Политичарите, државниците,  јавните фаци и други личности, кои сите до еден имаат  “ паметни телефони “, во последно време со јавноста комуницираат преку своите Фејсбук и Твитер пораки.

На тој начин тие сакајќи да бидат ексклузивни уште во текот на донесувањето на одлуката “експресно “ ја информираат јавноста за одредени теми.

Ваквите информации медиумите, поточно порталите, веднаш ги прифаќаат и ги постираат, па така тие истиот момент  стануваат достапни до јавноста.

Подоцна, кога официјалните одлуки на Владата, или на други државни и јавни институции, чии функционери ги пласираат таквите информации, истите  бидуваат лиферувани  во јавноста тие се веќе бајати.

Некој ќе рече што има тука спорно. Тоа е придобивката од новото дигитално време, во кое живееме. Информациите  денес се шират со светлосна брзина. Јавноста треба да биде информирана уште истиот момент кога се донесува некоја важна одлука, особено ако е таа во корист на тој што ја пласира.

И сето тоа  е во ред.

Иако јас лично немам ни Фејсбук ни Твитер, ни Истаграм, сепак немам ништо против таквите (дез)информирања на јавноста, преку “паметните телефони”.

Но тоа што ми пречи  е што вакви  информации на Фејсбук профилите на јавните фаци, или политичари, се објавуваат  само тогаш, или  најчесто, кога тие имаат потреба да им соопштат  на јавноста позитивни  вести, или кога треба да се пофалат со некој свој успех.

Но колку што јас знам, досега не сум сретнал некој политичар, или државен чиновник да соопшти на својот Фејсбук профил некоја негативна работа, или некој свој неуспех. Тогаш тие обично молчат и никаде ги нема.

На тој начин се добива впечаток дека Фејсбук и Твитер информирањето е само за убави вести и позитивни работи.

А што станува со непријатните вести и неубавите работи, кои треба да ги слушне, или прочита јавноста.

Поопширно во утрешното печатено издание на Битолски весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*