Home / Uncategorized / Талески со општински пари изигрувал мецена

Талески со општински пари изигрувал мецена

Тоа во што битолската јавност од секогаш се сомневаше, но никако не можеше да добие одговор конечно излезе на виделина.

Тоа што паѓа в очи е дека со општински пари, годинава  за “ Бит фест “се финансирани 55 проекти на физички лица и 86 проекти на правни лица.

Истите тие во зависност од тоа колку и дали  му се допаднале на Талески, добиле од 5.000 па се до 300.000 денари.

Во извештајот кој го добија новинарите не е наведено за кои и какви проекти физичките лица добиле средства од програмата на “ Бит фест”.

Инаку според информацијата доделена на новинарите, на физички лица биле доделени вкупно 2.548.300 денари и истите  тие се исплатени.

За разлика од кај физичките лица, градоначалникот Талески бил далеку подарежлив кај правните субјекти, кои конкурирале со проекти за “ Бит фест”.

Така спред Извештајот доставен до медиумите јасно се гледа дека кај правните субјекти Талески издвоил од 600 денари, колку што му исплатил на Студентсткиот дом “Кочо Рацин”, па се до 1.500.000.00 денари на Народниот театар.

Инаку според списокот за доделените пари кај правните субјекти мошне добро од “Бит фест” се офајдиле фирмите “ Астра веда”, која добила 400.000 денари, потоа ВАН ГРУП, на која и биле исплатени 1.000.000 денари,  Здружението на граѓани “Грин лист “,Креативен центар за млади, КТ Филм Медија, Регионалниот центар за интеграции, ФУТУРА ТИМ ДООЕЛ, Здружението на Македонци по потекло од Албанија “Сонце” и многу дуги.

Според Извештајот, Талески за правните субјекти, за” Бит фест “ издвоил ни помалку ни повеќе туку 10.626.783.00 денари.

Од нив исплатил 8.263.247.00 денари, додека во наследство на  новата градоначалничка Наташа Петровска и оставил за исплаќање вкупно 2.363.536.00 денари.

Поопширно во утрешното печатено издание на         Битолски весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*