Home / Uncategorized / Филипче: Нема новозаболени од корона вирусот

Филипче: Нема новозаболени од корона вирусот

Пациентката која има коронавирус и е на Клиниката за инфективни болести се чувствува добро и веќе трет четврт ден е без температура. Полека влегува во постабилна фаза од болеста. Нема нови пациенти кои во овој момент се тестираат за коронавирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со премиерот Оливер Спасовски го посетија граничниот премин Табановце со цел проверка на системот за превенција од коронавирус.

Филипче посочи дека во текот на вчерашниот ден стигнале и контролните резултати од лабораторијата во Германија, со која Министерството соработува, и ги потврдиле досегашните тестови, сите негативни и позитивниот на пациентката, што е обврска и функционира како супервизија на работата на лабараторија во рамки на Институот за јавно здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*