Home / Вести / Шест нови жртви од коронавирусот

Шест нови жртви од коронавирусот

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63- годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април. Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на ковид-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1421, бројката на оздравени пациенти е 589, на починати е 71 , а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761. Последната дистрибуција по градови е следна: •    Скопје – 486,    Куманово – 378,    Дебар – 51,    Штип-34 ,   Прилеп –143 ,    Тетово – 75     Струга – 65,   Велес – 69 ,    Битола –19 ,    Охрид –15 ,    Кавадарци – 7 ,   Гостивар –17 ,    Гевгелија – 4 ,    Струмица – 2 ,    Крива Паланка-5     Радовиш – 4 ,    Крушево – 3 ,    Кочани – 28 ,    Пробиштип – 2 ,    Кичево – 2 ,    Неготино -5 ,    Демир Хисар – 1 ,    Македонски Брод -2     Пехчево- 1 ,    Валандово -1 ,    Виница – 2

Направените 362 теста се преку: ИЈЗ –203, Ветеринарен ф-тет -8 , Авицена –11, Биотек –45, Филип Втори (Жан Митрев) –48, Систина со PCR метода  -25  и МАНУ -22 .  Досега во земјата се направени вкупно 15771 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 52. Критично болни и на механичка вентилација се 3 пациенти, 25 се со потешка клиничка слика и на кислородна маска.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. Со потешка клиничка слика се 3 пациенти, а на респираторна машина вкупно 6.

Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 8. Во Штип на болничко лекување има 2, а на домашно се следат уште 6 пациенти. На останатите инфективни одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Тетово се хоспитализирани вкупно 46 пациенти, позитивни и суспектни на ковид -19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!