Home / Вести / Франција ангажира свој експерт за македонските евроинтеграции

Франција ангажира свој експерт за македонските евроинтеграции

Иако сме свесни дека изминативе две години господинот Бертранд работеше во услови на длабока политичка криза во Македонија, сепак неговиот ангажман имаше важна улога во градењето на капацитетот на Секретаријатот – истакна Османи на средбата.
Францускиот амбасадор изрази задоволство од успешната соработка на Секретаријатот со францускиот експерт и најави дека со завршувањето на мандатот на Бертранд Милет, Франција ќе обезбеди присуство на нов експерт за европски прашања, што претставува директна политичка поддршка од страна на Франција. Новиот експерт ќе биде ангажиран целосно и ќе бидат направени сите подготовки на линија на препораките од извештајот на Бертранд ,со цел, Македонија полесно и поефикасно да се посвети на предизвиците кои стојат на патот на приближувањето на земјата до Европската Унија.

Вицепремиерот Османи му ја претставил на Тимоние новата политичка клима во Република Македонија и како што се нагласува во соопштението, посветеноста на новата Влада кон европскиот пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!