Home / Uncategorized / Гаснење на пожар на Пелистер (симулација)

Гаснење на пожар на Пелистер (симулација)

Преку нови техники и методи и со преносни пумпи и резервоари пожарникари од Франција им ги пренесоа своите знаења и искуства за гасење на пожар во шумски услови. Денеска во детското одморалиште на Пелистер беше презентирана показна вежба или симулација за гасење на пожар во тешко пристапни места.

-Се знае дека за 99% од случаите, причинител е човечкиот фактор, дали се тоа сточари, земјоделци, собирачи на шумски плодови или туристи не е битно . Тоа пред се се случува од невнимание, незнаење, користолубие или болест-пироманија. Затоа согласно законските обврски, десетгодишната програма, годишните оперативни планови за заштита од пожари, во НП Пелистер се превземаат превентивни мерки (делење на пропаганден материјал против пожари, поставување на соодветни знаци на територијата на паркот одржување на состаноци заедно со другите надлежни институции со жителите од подпелистерските села се со цел воспитно да се делува и да се спречи или намали бројот на шумските пожари- изјави Амет Аџиу, директор на Националниот парк Пелистер.

 

Фото: тера.мк

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*