Home / Вести / Горан Милевски кандидат на Коалицијата ЛДП – ДОМ за градоначалник на Битола !?

Горан Милевски кандидат на Коалицијата ЛДП – ДОМ за градоначалник на Битола !?

         

          Иако засега нема официјална потврда сепак според извори на Битолски весник дознаваме дека актуелниот министер за локална самоупрва Горан Милевски ја прифатил кандидатурата за градоначалник на Битола.

          Својата  согласност да се кандидира за градоначалник на Битола тој   вечерва ја потпишал, а официјално ќе ја објави утре.

          Инаку Горан Милевски официјално ќе биде кандидат  за градоначалник на Битола на Коалицијата ЛДП – ДОМ.

          На последната седница на Општинската организација на ЛДП Битола, Горан Милевски беше со акламација предложен да се кандидира за градоначалник на Битола.

          Така во трката за градоначалник на Битола ќе се натпревауваат Христо Кондовски од СДСМ, Тони Коњановски од ВМРО ДПМНЕ, Горан Милевски од ЛДП – ДОМ и  билдерот Зоран Лазаревски – Паљото како независен кандидат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*