Home / Uncategorized / Градскиот паркинг ги скара градските советници

Градскиот паркинг ги скара градските советници

На минатонеделната седница на Советот на Општината Би­тола, бурна расправа меѓу совет­ниците од власта и опозицијата предизвика иницијативата на СДСМ за раскинување на договорот за јавно-приватно партнерство помеѓу Општината Би­тола и фирмата  “Стентон градба ДОО Битола“ поради непо­читување на обврските од договорот за зон­­ско паркирање во Би­тола.

Пред утврдувањето на днев­ниот ред, советникот од СДСМ, Го­ран Козаров, побара поместување на иницијативата како при­оритетна, бидејќи истата ги тангира сите граѓани на Битола.

Вла­­дејачкото мнозинство го отфрли ваквото барање на опозицијата и во неколку наврати ја прекинуваше седницата, што од друга страна дополнително ги иритираше советниците од опозицијата кои обвинија дека локалната власт ескивира да се дискутира за ова важно прашање за граѓаните и дека штити од­ре­дени бизнис интереси.

Советникот од СДСМ, Го­ран Козаров, во изјава за новинари­те обвини  дека концесионерот  “Стентон градба“ не ги по­читува  обврските од договорот и дека фирмата не успеала да го среди сообраќајниот хаос во градот, од кој директна штета имаат гра­ѓа­ни­те на Битола.

 

СДСМ : “Градски паркинзи“ не ги исполнија условите од договорот

 

-Условите во кои граѓаните ги паркираат своите автомобили во Битола се несоодветни. Кај концесионерот евидентирано е непочитување на техничките про­писи, манипулирање со граѓаните околу цената која им се наплаќа за паркирање. Од страна на приватниот партнер “Градски паркинзи“, во изминатиот период од три и пол години, кол­ку што стопанисува со паркинзите, имаме сериозни индиции дека се направени повеќе прекр-шувања на договорот, техничката документација и правилникот за работа. “Градски паркинзи“ имаа доволно време да ги исполнат сите услови предвиде­ни со договорот. Бидејќи тоа се уште не е направено сметаме дека е најповолен момент да им се одземе концесијата за јавно-приватно партнерство- побара советникот од СДСМ, Горан  Козаров.

Од СДСМ уште обвинуваат де­ка досега не добиле ниту  едно известување за финансиската за­­­работка на “Градски паркинзи“  и колку средства и се исп­лаќаат на Општината.

-Комисијата мора да дава из­вештај за работењето на оваа фирма зашто е јавно-приватно партнерство, но ние до денес немаме добиено – дециден е совет­ни­кот од СДСМ, Козаров.

 

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на СДСМ се  неаргументирани

 

Советниците од владејачко­то мнозинство на ВМРО-ДПМ­НЕ се согласуваат со одредени за­белешки од технички аспект, но од друга страна потенцираат дека СДСМ единствено што сака е раскинување на договорот со концесионерот, и на негово место да дојде некој друг кој им одговара на опозицијата.

-Ниту на комисиската рас­пра­ва од страна на СДСМ не слушнавме ниту еден аргумент за прекинување на зонското пар­­кирање во градот, туку слуш­навме аргумент за раскинување на договорот со приватниот партнер во јавното-приватно партнерство. Целта на СДСМ е да се замени приватниот партнер со некој друг што нив им одговара. Аргументите на СДСМ се неосновани и имавме заеднички забелешки од техничка природа како сомнежи за фалсификувани лепенки, смс пораки, местоположба на наплатни бараки, како и секојдневни проблеми, сакаат неосновано да го при­кажат како причина за раскинување на договорот. Им пора­чу­ваме наместо да го трошат вре­ме­то на Советот, кој има поваж­ни работи за решавање, можат како граѓани да упатат прет­ста­вка до Комисијата за спроведување на договорот, која, меѓу дру­гото, до сега не добила ни една формална реакција. Сог­лас­ни сме со поплаките на гра­ѓа­ните дека дупките кај Спорт­ска­та сала “Младост“  веднаш треба да санираат – смета советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Хаџи­ев­ски.

 

Образованието во Битола на колена, обвинуваат од СДСМ

 

Битолското образование е на колена и состојбите веќе по­долг период се очајни.

Училиштата се со блокирани сметки, родителите на учениците издвојуваат средства за хигиена, обезбедување на училишните објекти, еднодневни екскурзии итн. Податоците се загрижувачки, де­цидна беше координаторката на советничката група на СДСМ, Наташа Петровска, на последната седница на општинскиот совет, на која, на дневен ред, беа извештаите за работа и годишните програми на основните и средните училишта во Битола.

-Редно е да се отворат карти­те и да се истакне дека состој­би­те со образованието во Битола се очајни и од поодамна битолското образование  е паднато на ко­леници. Професорите од сопствен џеб купуваат нагледни средства, печатат материјали пот­ребни за наставата, но и пок­рај сите потешкотии, благодарение на наставниците, учениците   успеваат да направат успешни ре­зултати на училишните нат­пре­вари и да ја афирмираат Оп­ш­тината Битола. Сведоци сме дека родителите го плаќаат обе­з­бедувањето на нивните деца во училишните објекти. Во пос­лед­но време, во мода се и едноднев­ните  екскурзии и излети со нај­раз­лични цели и родителите се принудени да издвојуваат по 180 денари, а не секој родител тоа може да го издвои од домашниот буџет. Запрепастуваат бројките на намалување на бројката на ученици во битолските учи­лиш­та, а бројот на наставниците се зго­лемува – обвини советнич­ка­та од СДСМ, Наташа Петров­ска.

 

ВМРО-ДПМНЕ: Воспитно-образовниот процес се одвива  без проблеми

 

Од владејачкото мнозинство на обвинувањата  од опозицијата возвраќаат дека од извешта­ите и годишните програми на учи­лиштата може да се констатира дека воспитно-образовниот процес во Битола  се одвива успешно и без проблеми.

 

-Од извештаите може да се извелече заклучокот дека реали­­зирани се поголеми инфраструктурни проекти кои обезбедуваат подобри услови за учениците и наставниот кадар. Обуката на наставниците е важен чинител во воспитно-образовниот про­цес и тие се многубројни. Еви­дентно е учеството на сите училишта во бројни проекти, практики, финансирани од Ми­нис­­терството за образование со меѓународни организации кои зна­чат бенефит за училиштата. Учениците имаат освоено бројни награди на општински и државни натпревари. Со оглед на тоа што образованието е динамичен процес кој бара континуирано да се вршат промени и вложувања, сметам дека битолските училишта се подготвени да го прифатат тој предизвик.  Проблемите успешно се решаваат, а тоа се констатира во завршните сметки на училиштата- истакна советничката од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Соња Ка­рапашовска.

 

На прашањето зошто Општи­ната Битола за оваа учебна го­дина распишувањето на тендерот за бесплатниот превоз на уче­ниците го префрла на Технич­кото училиште “Ѓорги Нау­мов“, советничката Соња Карапашовска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, одговори дека Опш­тината има право да одреди училиште коешто ќе го распиши тендерот, а тоа се прави со един­ствена цел, превозниците да по­нудат поевтина цена.

 

 

 

 

 

 

Автор: Васка.М.Младеновска

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*