Home / Градска хроника / Градските сообраќајници се прскаат со калциум магнезиум ацетат за намалување на загадувањето

Градските сообраќајници се прскаат со калциум магнезиум ацетат за намалување на загадувањето

Општина Битола денеска  од 12 часот започна со третирањето на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиенталниот  воздух.

Ќе се прска на следните улици:  „Партизанска”,    „Васко Карангелевски”,   „Бул. 1ви  мај” ,„Филип Втори Македонски”  и улица  „Прилепска”.

Брзината на возење по улиците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри/час, заради можна појава на лизгавост на коловозот.

На улиците ќе биде поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.

-Калциум магнезиум ацетат е средство кое се користи за контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честичките) и за стабилизација на патиштата. Средството е еколошки производ, биоразградлив, не е штетен за растенијата (погоден е за апликација во близина на паркови и зелени површини), а најважно е што не е корозивен (нема да предизвика оштетување на возилата). Производот е лесен за апликација и целосно е стабилен. Искуствата од европските градови каде што се користи ова средство укажуваат дека со негово аплицирање потенцијалот за намалување на прашината е од 10 до 30 проценти- информираат од битолската локална самоуправа.

Оттаму додаваат дека со ова средство ќе се прска и во наредниот период кога ќе има потреба и кога ќе дозволуваат временските прилики.

-Исто така, се повикуваат граѓаните на Општина Битола да се воздржат од користење на материјали за загревање на простории, кои што не се дозволени со закон. Воедно известуваме и дека општинската инспекција ќе спроведува засилени активности за контроли во наредниот период- информираат од општина Битола.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!