Home / Uncategorized / Груевски не ги призна резултатите од изборите

Груевски не ги призна резултатите од изборите

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на прес конференцијата вечерва рече дека неговата партија не ги признава резултатите од локалните избори и ја обвини власта дека организирала како што рече „мафијашки избори“.

Во име на партијата Груевски упати седум барања до власта, за како што рече враќање на демократијата и достоинството во земјата:

-Организирање предвремени парламентарни избори  согласно пржинскиот модел, кои ќе бидат спроведени од техничка влада како и парламентарните избори од 11 декември 2016;

-Итна смена на директорот на Агенцијата за ауди и аудивизуелни медиумски услуги и именување на директор од редовите на опозицијата;

-Оставка на претседателот на ДИК Александар Чичаковски и враќање на старото законско решение од редовите на опозицијата;

-Итна истрага и вештачење на уредите за прилсушување во УБК поради сомнеж дека се прислушуваат најмалку 100 лица од ВМРО ДПМНЕ;

-Итно завршување на судењето на Заев за поткуп;

-Основање на специјално јавно обвинителство кое ќе има ингеренции за расчитување на избрните нерегуларности во 2016 и 2017 поради злоупотреба на целиот државен апарат;

-Итно ослободување на лицата и прекин на постапките за сите обвинети и осомничени за настаните од  27 април.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*