Home / Uncategorized / Новаци и Могила добиваат нови градоначалници!?

Новаци и Могила добиваат нови градоначалници!?

Иако засега тоа се неофицијални резултaти, кои ги добивме од партиски кругови,  сепак како што стојат работите општините Новаци и Могила ќе добијат нови градоначалници.

Така по три едноподруги освоени мандати,  нов градоначалник на Новаци ќе биде Љубе Кузмановски кандидат на СДСМ и Коалицијата “ За подобра Македонија “, кој  пред сеуше актуелниот градоначалник, Лазар Котевски води со најмалку од 200 гласови разлика.

Според првичните неофицијални информации од  СДСМ, нов градоначалник ќе добие и општина Могила.

Кандидатката на СДСМ и Коалицијата “ За подобра Македонија “ според досега преброените гласови води со најмалку 200 гласови пред актуелниот градоначалник Стево Пивковски, кои на овие избори  настапи како независен кандидат, но ја имаше поддршката на ВМРО ДПМНЕ.

Јасмина Гулевска  освоила 1909 гласови, а противкандидатот Стевче Пивковски од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 1716.

Гулевска води  на сите   23  обработени избирачки места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*