Home / Политика / Груевски останува на слобода, но без пасош

Груевски останува на слобода, но без пасош

Апелациониот суд ги одби жалбите и на СЈО да им се одреди мерка притвор на осомничените, но и на раководството на ВМРО ДПМНЕ да им се вратат пасошите.

Судот не им даде притвори, а ги одби и жалбите на обвинетите да им се вратат пасошите. На слобода, но без пасоши остануваат поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на Кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски.

Одлуките во целост ќе бидат објавени утре од страна на судот. На овие решенија странките немаат право на жалба.

Во меѓувреме, СЈО се бори и со извршувањње на веќе донесените одлуки за притвор за Грујовски, Бошковски и Јакимовски кои се обвинети во случајот „Таргет“. Притворот не се спроведува затоа што странките се жалеле до Врховниот суд. Но според експертите и СЈО притворот мора да се спроведе без разлика на нивните жалби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!