Home / Колумни / Имунитетот на “Најуспешните битолчани”

Имунитетот на “Најуспешните битолчани”

                  

          Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани 2019 “  во традицоналниот датум, последниот петок во февруари привремено е одложена.

          Почитувајќи ги препораките на Министерството за здравство Битолски весник, како организатор на Манифестацијата, истиот момент по официјалното соопштување на препораките на министерот донесе одлука истите да ги почитува и да ја одложи Манифестацијата.

          И покрај тоа што препораката на министерот за здравство за одложување на сите големи собири не затече само неколку часа пред почнувањето на Изборот, кога речиси се беше готово за почеток на Манифестациајата, сепак донесовме одлука Манифестацијата да ја одложиме и да не експериментираме со здравјето на гостите.

          Иако како и нас, кои како организатори се направивме “Изборот” да се одржи во прекрасна и незаборавна атмосфера, така и на гостите, а особено на добитниците на признанијата тешко ни падна, сепак водејќи се  пред се од интересот за  здравјето на присутните, без да размислуваме, веднаш  донесовме одлука Изборот привремено да го одложиме.

          Во ситуација кога сеуште не се знае  до кога  точно препораката за одложување на Манифестациите ќе трае, ние не можеме да кажеме кога Изборот ќе се одржи.

          Но во договор со сите кои беа вклучени во организацијата на Манифестацијата, Битолски весник, ресторанот Вавилон, ТВ “ Тера”, спонзорите, музичките групи,  техниката за озвучување и осветлување донесена е одлука Манифестацијата да се одржи првиот петок по симнувањето на забраната.

          Битолски весник како организатор на Манифестацијата  е целосно подготвен Изборот  на најусепшните  да се одржи уште истиот ден кога ќе биде симната забраната, но тое во овој момен не зависи од нас.

          Во оваа ситуација сакам да кажам дека ова не е прв пат Манифестацијата на “ Битолски весник “ да биде привремено одложено и пролонгирана.

          Битолски весник, како организатор на Манифестацијата е имун на секој тип “ вируси “ и пречки за одржување на Изборот на најуспешните.

          Во изминатите 21 година сме наидувале на секакви пречки, од кои за жал најголемиот број беа намерни. Но Манифестациајата остана и опстана како вистински бренд на градот.

          Во неколку наврати пред одржувањето на Манифестацијата добивавме закани со поставување на бомби.           Една манифестација ја одложивме дури во два наврати, најпрво поради наводно поставена бомба, а следниот петок поради трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. Но и по двете одлагања ни една маса не беше откажана. Напротив по тие одлагања добивавме барања за нови влезници.

           Манифестацијата на Битолски весник, особено наидуваше на огромни проблеми, кога телевизија “Орбис” со цел истата да ја сруши, од 2006 години,кога ВМРО ДПМЕ дојде на власт, па се до згаснувањето на телевизијата, постојано, на седум дена  пред одржувањето на Манифдестацијата организираше слична мамнифестација со слично име “Најпопуларни битолчани”

Во тој период покрај тоа што  се настојуваше да ги збунат битолчани, бевме подложни  и на невидени (политички)закани  до нашите гости да не доаѓаат на Манифестацијата на “ Битолски весник”

 На голем број(наши) гости “Орбис”  отворено им се закануваше дека доколку се појават на Манифестацијата на Битолски весник или примат од нас признание, не само што ќе бидат сатанирани на таа  телевизија, туку дека ќе бидат политички санкционирани и елиминирани, а музичките групи, кои ќе свират ќе бидат засекогаш избришани од етерот на телевизијата.

 Во тој период ни се случуваше на само три дена пред одржувањето на Манифестацијата дури по 150 влезници да ни бидат враќани.               

          Но наместо крах, Манифестацијата на Битолски весник стануваше уште поприфатена од битолчани.

          Манифестацијата на “ Битолски весник “ го преживеа и отворениот бојкот од страна на екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој на неколку дена пред нејзиното одржување, им нареди на своите послушници никој да не доаѓа на  Изборот и за неколку часа ни беа вратени над 180 влезници.

          Но и тоа го издржавме.

          Манифестацијата на Битолски весник од година во година и покрај сите притисоци, закани, условувања… стануваше се попопуларна и попосетена,за да денес веќе и “ Вавилон “  биде претесен за одржување на истата.

          Многумина не прашуваат како успеваме во тоа, кој е нашиот имунитет.

          Одговорот е сосема едноставен.

          Ние оваа Манифестација цели 21 година ја правиме со љубов и ентузијазам да ги наградиме (најс)успешните битолчани, кои со своите успеси и резултати се афирмирале себеси, но ја афирмирале и Битола.

          Како што со голем ентузијам и љубов веќе со 5,5 децении го подготвуваме Битолски весник и се правиме истиот да остани и опстани, со исто толкава  љубов  и ентузијазам ја подготвуваме Манифестацијата “ Најуспешни битолчани”.

          За разлика од другите, ние Манифестацијата не ја правиме за профит. Напротив некогаш и на наша штета правиме се истата да биде најдобро организрана и гостите да бидат презадоволни.

          За истата да биде успешна не жалиме ни труд, ни време, ни енергија, а најчесто ни пари.

          Љубивта и ентузијазмот е нашиот имунитет, кој убедени сме дека и овој пат ќе го победи и корона вирусот и Манифестацијата првата прилика по симнување на препораките ќе се одржи во уште една незаборавна  атмосфера.                       

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*